Родното Куманово ѝ донесе инспирација: Кипријановска одигра речиси беше грешка пред своите

254

Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија славеше против Белгија во Куманово со 33:28 во рамките од 4. коло од квалификациите за пласман на Европското првенство 2026, со што си ги задржа шансите за да игра на осмо ЕП.

Една од главните алки во составот на Кристијан Грчевски беше Јована Кипријановска, која за првпат во својата репрезентативна кариера настапи во својот роден град, пред своите сограѓани, во градот во кој со матичниот клуб освојуваше трофеи и титули.

Кипријановска одигра речиси без грешка, шест пати ја затресе противничката мрежа, а зад своето име запиша и неколку асистенции.

Во последните две кола, нашата репрезентација ќе ја пречека Германија (8 април), а потоа ќе гостува кај Словенија (12 април).

Македонија ја совлада Белгија во Куманово и остана во игра за ЕП

SPORT