Охрид и Алкалоид со една нога во третата рунда од Европскиот Куп

289

Двата македонски претставници во Европскиот Куп, Охрид и Алкалоид, победнички го стартуваа настапот на европска сцена, откако пред својата публика славеа против Потаиса Турда, односно Драгунас во рамки од втората рунда. Охриѓани беа подобри од романскиот тим, триумфираа со 31:25 (18:15) и реванш натпреварот во Романија ќе го стартуваат со предност од шест гола. Никола Јукиќ со шест погодоци беше предводник во нападот на домаќините, а го следеше Гоце Ојлески со пет.  Реваншот меѓу двете екипи ќе се одигра на 26 октомври.

Тимот на Кире Лазаров беше убедлив против Драгунас Клаипеда, а победата беше изразена со 11 гола разлика, 42:31. Алкалоид  победата ја најави уште во првиот дел, кој го доби со 18:12, додека во вторите 30 минути гостинот од Литванија влезе во уште поголема криза и ги зголеми техничките грешки. Предводник во македонскиот тим беше Никола Костески, постигна десет гола, а еден помалку имаше Арон Бинго. Реванш натпреварот меѓу двете екипи ќе се одигра на 26 октомври во Клаипеда.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе