Кадетскиот тим на Патриот освои второ место на силен турнир во Бугарија

164

Кадетската екипа на Патриот 2016 од Делчево беше учесник на силниот меѓународен турнир во соседна Бугарија, поточно во Софија. Кошаркарките под водство на тренерот  Љупчо Петровски го освоија второто место и со сребро се враќаат во Македонија. Во полуфиналето, македонскиот тим беше подобар од Академик 17 од Софија со резултат 63:37.

Финалето меѓу Патриот 2016 и Локомотив го доби домашната екипа, откако над тимот од Делчево триумфираше со 65:47. За младите кошаркарки на Патриот 2016 настапот на турнирот во Софија беше искуство повеќе.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе