Младинскиот тим на Тиквеш во натпревар од 2. коло од плеј-аут фазата во младинската лига триумфираше на гостувањето кај Вардар Неготино со 35:26 (13:10).
Ракометарите на Вардар Неготино одлично парираа до 45-та минута, по што гостите, со расположените Мики Лазов и Димитриј Ангелов, успеаја да го скршат отпорот на мотивираните домаќини и во последниот период целосно доминираа на теренот.
Лазов натпреварот го заврши со 14 погодоци, а Димитриј Ангелов имаше 12 успешни реализации во домашната мрежа.
Кај Вардар Неготино, Јован Јовановски беше прв стрелец со девет погодоци, додека осум постигна Лазар Кузев.