Вардарки ја одбранија титулата кај кадетките, прилепчанки се вицешампионки

127

Кадетките на Вардар се старо-нови шампионки на Македонија, откако успеаја без многу проблеми да ја одбранат титулата во својата конкуренција.

Вардар во својот последен натпревар славеше над Овче Поле Славјански Универзитет со 32:15, за осум од осум и убедливо прво место.

По завршувањето на натпреварот, пехарот и медалите на „црвено-црните“ им беа доделени од страна на Ракометната федерација на Македонија.

Иако до крајот треба да се одиграат уште два натпревари:Стружанка – Гевгелија Југ и Овче Поле Славјански Универзитет – Деспина, сепак прилепчанки завршуваат како второпласирани.

Составот предводен од Мери Гичева има 10 бода, четири повеќе од клубот од Свети Николе. Деспина во последниот период успеа да „произведе“ неколку репрезентативки во младинските селекции.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT