Младинскиот тим на Еурофарм Пелистер, кој со истиот состав се натпреварува и во кадетската лига, во натпревар од 2. коло од плеј-аут фазата во младинската конкуренција, славеше над Вардар со 32:23 (19:11).
За битолскиот тим ова беше трета победа против скопскиот состав во досегашниот тек од сезоната. Во регуларниот дел од првенството, составот предводен од Фарук Мемиќ и Кире Митревски двапати славеше над „црвено-црните“ – со 35:23 во Битола и со 30:25 во Скопје.
Домашната екипа во убедливата победа беше предводена од Андреј Георгиев со осум и Јован Симоновски со шест погодоци, додека кај Вардар, кружниот напаѓач Младен Тарчуловски беше прв стрелец со седум погодоци, а пет додаде Николче Нечовски.
Покрај Еурофарм Пелистер, победа во плеј-аутот оствари и Тиквеш, кој на гостувањето во Неготино славеше со 35:26.
Лазов даде 14, а Ангелов 12 гола – младиот Тиквеш победнички во Неготино