Еурофарм Пелистер – Охрид (ЛИНК)

51

Тимот на Охрид, кој изминатиот викенд испиша историја обезбедувајќи пласман во полуфиналето од Европскиот куп, денеска ќе гостува кај Еурофарм Пелистер во заостанатиот натпревар од 4. коло во суперлигашкиот плеј-оф.

Шампионот се наоѓа на втората позиција со 42 бода, додека Охрид е на третото место со два бода помалку (40). Овие две екипи последната меѓусебна пресметка ја имаа пред крајот на регуларниот дел, кога составот предводен од Борис Ројевиќ триумфираше над битолчани со 29:25.

Денешниот натпревар меѓу Еурофарм Пелистер и Охрид е закажан за 18:00 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“.

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT