Искусен кружен напаѓач на радарот на македонски суперлигаш

196

Кружниот напаѓач со големо искуство, 30-годишниот Матич Сухолежник, би можел од идната сезона да настапува во нашата Супер лигата.

Според информациите на словенечкиот медиум „Handballia“ тој е пред потпис со тимот на Алкалоид, а дали шпекулациите ќе се остварат, останува да видиме во наредниот период.

Повремениот словенечки репрезентативец потекнува од школата на Целје, има играно и за овој тим, додека на интернационално ниво настапувше за екипите на Бенфика, Загреб и Саран. Моментално е член на Кодељево.

Истиот медиум пред извесен период објави дека и екс членот на Еурофарм Пелистер, Нејц Цехте, е желба на Алкалоид.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT