Еден од најдобрите домашни стрелци нема да ја доигра сезоната

207

До крајот од натпреварувачката сезона од суперлигашкиот плеј-оф/аут остануваат да се одиграат уште шест кола.

Екипата на Радовиш, која досега нема освоено бод, во борбата за опстанок ќе биде значително ослабена, откако остана без својот капитен Здравко Постолов.

Искусниот ракометар, кој во досегашниот тек од сезоната постигна 103 погодоци и веќе континуирано беше меѓу најдобрите, повеќе не е член на Радовиш, а од клубот објаснија и зошто.

Покрај Постолов, дел од клубот повеќе не е ниту тренерот Спасе Георгиев.

„Ракометниот клуб Радовиш ја информира јавноста дека досегашниот тренер Спасе Георгиев и капитенот на екипата Здравко Постолов повеќе не се дел од клубот. Ваквата одлука е донесена поради нивното дејствување како основачи на нов ракометен клуб во градот, реализирано на начин што РК Радовиш го оценува како неетички, нефер и спротивен на основните спортски принципи. Со оваа постапка е нанесена директна штета врз угледот и интегритетот на клубот, кој со години вложуваше значителни ресурси и доверба во нивниот развој како спортисти и професионалци“, стои во дел од соопштението на клубот.

Постолов во својата кариера има настапувано и во Тиквеш.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT