Стартуваа четвртфиналните дуели кај кадетите: Еурофарм Пелистер веќе може да се подготвува за Ф4!

185

Со братскиот двобој во Битола, меѓу Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2, стартуваше разигрувањето за пласман на Ф4 турнирот во кадетска конкуренција за оваа сезона.

Пласманот во групите, каде Еурофарм Пелистер заврши на втората позиција во Групата Б, а Еурофарм Пелистер 2 на третото место во Групата А, посака овие две екипи да се сретнат во борбата за Ф4. Далеку подобар и поквалитетен на денешниот прв натпревар беше тимот на Еурофарм Пелистер, кој триумфираше убедливо со 52:26 (23:12).

Победничката екипа ја предводеше Стефан Василевски со 14 гола, додека Горазд Мијалчев постигна десет. Добра партија прикажа и Павел Вељановски со осум реализации. Кај спротивниот табор, Илија Трајчевски беше најефикасен со пет погодоци.

Реванш натпреварот меѓу двете екипи е закажан веќе за утре.

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT