Валах со импресивна статистика во Европа

200

Иако Вардар не успеа да се пласира на завршниот турнир во Лигата на Европа, откако беше елиминиран од Монпелје, сепак може да се пофали со одлични индивидуални статистики.

Еден од нив е голманот Милош Валах, херојот на „црвено-црните“ на годинешниот домашен Куп. Полјакот на 11 натпревари во Лигата на Европа забележа вкупно 124 интервенции и е меѓу најдобрите голмани во второто по ранг европско клупско натпреварување.

Валах најмногу доминираше на вчерашниот дуел против Монпелје, каде што имаше 18 интервенции и беше меѓу најзаслужните за победата на македонскиот тим. Идентичен број одбрани (18) имаше и на гостувањето во Шведска кај Кристијанштад, додека во победата на Вардар против Мелсунген во Скопје (37:33), забележа 14 одбрани со ефикасност од 34%.

Лигата на Европа сè уште не е завршена, а дополнително претстојат возбудувањата на Ф4 турнирот, на кој ќе настапат Фленсбург, Мелсунген, Кил и Монпелје.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT