Јехона дојде до 11-та сезонска победа и остана во трка за ТОП 6

260

Ракометарите на Јехона во натпревар од претпоследното, 25. коло од прволигашката конкуренција славеа над Шампион со 45:30 (22:13) и дојдоа до 11-та сезонска победа.

Со новите освоени бодови, тимот од Гостивар стигна до 22 бода, исто колку што имаат Аеродром и Текстилец, па во последното коло ќе биде познато која од овие три екипи ќе ја освои 6. позиција  за оваа сезона.

Токму Јехона и Аеродром ќе се судрат во последното коло, додека Текстилец за последен ривал ќе го има Шампион.

На денешниот натпревар, на кој Шампион беше формално домаќин во Гостивар, искусниот Адис Салиу беше предводник во победата на Јехона со 13 погодоци.

Во таборот на Шампион шутерски расположен беше Давид Јовчевски со 16 реализации.

Мулти Есенс славеше во Неготино – му треба уште бод за титула

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT