Познати полуфиналните двојки за пионерскиот Ф4 во Автокоманда

121

Денеска во просториите на РФМ беа извлечени полуфиналните парови за Ф4 турнирот во пионерска конкуренција.

Пласман во ТОП 4 обезбедија актуелниот шампион Охрид, потоа Еурофарм Пелистер 2, Алкалоид и организаторот на завршницата, Мулти Есенс.

Ф4 турнирот е закажан за 16 мај (сабота) во спортската сала „Автокоманда“.

РАСПОРЕД:
Алкалоид – Мулти Есенс (12:00 часот)
Охрид – Еурофарм Пелистер 2 (14:00 часот)
Натпревар за 3. место (17:30 часот)
Финале (19:30 часот)

По финалниот натпревар ќе следува прогласување на најдобрите поединци и екипи од завршницата.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT