Ветеранката Мери Гичева – една од најдобрите стрелци во прволигашката конкуренција, ќе биде активна на терените и во следната натпреварувачка сезона, која најверојатно ќе биде последна во нејзината богата кариера.
„Најверојатно ќе играм и во следната сезона. Се чувствувам одлично, силата е уште тука“, кратко коментираше искусната ракометарка за Спортска Димензија.
Гичева, покрај настапите на теренот, своето богато искуство успешно го пренесува и на најмладите во Деспина, а токму тоа се гледа и преку резултатите, будејќи нејзините избранички оваа сезона го освоија второто место во кадетската конкуренција.
41-годишната ракометарка на интернационална сцена настапуваше во Грција, Романија, Италија, како и на Косово, додека во Македонија, покрај настапите во родниот Прилеп за Жито Прилеп и Деспина, го носеше дресот и на Кометал Ѓорче Петров, Еуростандард Ѓорче Петров и Кабран Амбалажа.