Вардар: Промоцијата на Нечовски во првиот тим нека биде поттик за сите млади

224

По Бобан Поповски, уште еден ресенчанец ќе заигра за новиот шампион на Македонија, РК Вардар, во новата сезона.

Двократниот европски шампион денеска се пофали со потписот на талентираниот Никола Нечовски, кој имаше забележителни партии во младинските категории на „црвено-црните“ и важи за еден од најперспективните организатори на играта од својата генерација (2006).

Нечовски лично бил селектиран од тренерот Иван Чупиќ, што уште еднаш потврдува дека во Вардар сериозно се смета на младите и талентирани ракометари од сопствената школа.

„Промоцијата на Нечовски во првиот тим, треба да биде поттик и за сите останати играчи кои се дел од нашите младински категории, дека со сериозен пристап и напредок може да се стигне и до сениорскиот тим. Нечовски во наредната сезона, треба да претставува надополнување на плејмејкерската позиција каде Јака Малус и Матео Фадуил ќе го понесат главниот товар”, се вели во дел од соопштението на Вардар.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT