Пионерскиот тим на Охрид ќе ја брани титулата во оваа категорија, откако во полуфиналето славеше над Еурофарм Пелистер 2 со 14:13.
Голот на одлука во натпреварот го постигна Илија Трајчески со удар од девет метри по истекот на времето, за големо славје на охридската клупа.
Горазд Станковски и Димитар Митаноски беа најефикасни во победничката екипа со по четири погодоци, додека кај битолчани се истакна Даниел Христовски со седум реализации.
Охрид во финалето ќе игра против Алкалоид, кој во второто полуфинале славеше над Мулти Есенс со 24:20. Финалето, како и натпреварот за третото место, исто така е на денешната програма во Автокоманда.
Мулти Есенс – Еурофарм Пелистер 2 – 17:30 часот
Охрид – Алкалоид – 19:30 часот