Финалето меѓу Охрид и Татабања ќе се следи низ цела Европа

146

Ракометарите на Охрид в недела (24 мај) ќе го одиграат првиот натпревар од финалето против Татабања во рамките на Европскиот Куп.

За македонскиот тим одлична околност е тоа што реваншот ќе се игра пред полните трибини во СРЦ „Билјанини извори“, но на првиот натпревар ќе мора да го даде максимумот и да одигра според договореното.

За првиот финален натпревар, ЕХФ информираше дека ќе има ТВ пренос низ цела Европа (Данска, Шпанија, Норвешка, Германија, Полска…), како и на ЕХФ ТВ платформата.“

Натпреварот в недела е од 17:00 часот, додека реваншот е на 31 мај од 20:00 часот.

 

 

Охрид до финалето стигна откако во полуфиналето по изведувањето пенали го елиминираше Целје. Претходно, во четвртфиналето беше подобар од Олимпијакос, во осминафиналето немаше никакви проблеми против Дукла Прага, додека во третото и второто коло рутински ги мина Слога Добој, односно Баку.

 

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT