12-годишната Катарина Ракиќ е најдобриот стрелец во пионерската лига

258

Натпреварувачката сезона кај пионерките е пред самиот крај, а титулата ја одбрани тимот на Ѓорче Петров, кој заврши со „20 од 20“.

Спартак, тим кој зад себе има успешна сезона на сениорско ниво, откако испиша историја со пласманот на Ф4 во Купот на Македонија, а најверојатно ќе може да побара и вајлд-карта за настап на европска сцена, во своите редови има голем потенцијал.

Станува збор за членката на пионерскиот тим, 12-годишната Катарина Ракиќ. Иако до крајот на сезоната треба да се одигра уште еден натпревар, Ракиќ е недостижна на лидерското место на листата на стрелците со 137 погодоци.

Освен од игра, зад своето име има постигнато и 37 погодоци од пенал. Ракиќ е родена 2014 година, што дополнително го истакнува нејзиниот талент и голем потенцијал за во иднина.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT