Македонската репрезентативка Ангела Јанкуловска со тимот на Славија Прага ја освоија шампионската титула во шампионатот на Чешка, откако во „мајсторката“ славеа против Хазена Кинжварт.
Јанкуловска и нејзините соиграчки, за разлика од првите два натпревари,од кои вториот го загубија со 35:33, овојпат го покажаа својот максимум и триумфираа убедливо со девет гола разлика, 33:24.
Претходно, Славија Прага во полуфиналето од чешкиот плеј-оф успеа да го елиминира некогашниот учесник во Лигата на шампионите, Бањик Мост, а Јанкуловска беше хероина во „мајсторката“.
Битолчанката постигна 12 погодоци, а последниот, оној од седмерец во пенал-серијата, беше клучен за победата на нејзиниот тим и пласманот во финалето.
Ваквата одлична форма на Јанкуловска ќе и биде потребна и на македонската репрезентација на Европското првенство 2026.