Екипата на Охрид беше гостин кај Татабања во првиот финален натпревар од Европскиот Куп, а по голема борба во текот на сите 60 минути, македонскиот тим си замина победнички со 29:28.
Македонецот во редовите на Татабања, Филип Талески, по завршувањето на натпреварот даде свој коментар за дуелот со македонскиот тим.
„Знам какви се навивачите во Македонија и знам дека чувството да се игра таму е навистина прекрасно. Моите соиграчи ќе уживаат во атмосферата во Охрид, знам дека салата е распродадена и дека нѐ очекува голем број навивачи. Ние имавме поддршка тука, но не ја искористивме во наша полза. Остануваат уште 60 минути таму, па нека победи подобриот“, изјави Талески за ЕХФ.“
Реваншот е на 31 мај во Охрид.