Ѓоргиевски е МВП на кадетскиот Ф4, Великиќески најдобар голман, а Јанчески стрелец број еден

173

Кадетскиот тим на Пролет ја освои титулата во кадетската лига и стана нов шампион на Македонија. На Ф4 турнирот во Битола, во финалето се сретнаа Мулти Есенс и Пролет, а по голема борба, на златото се радуваа избраниците на Игор Илиевски, кои триумфираа со 37:34 (13:17).

Третото место го освои довчерашниот шампион Еурофарм Пелистер. Домаќините до бронзата стигнаа со победата против Охрид од 40:37. Потенцијалот што го демонстрираа сите четири екипи е доказ дека Македонија има светла ракометна иднина.

По завршувањето на финалето беа доделени признанијата за најуспешните. Признанието за најкорисен играч, односно МВП, замина во рацете на кадетскиот репрезентативец, средниот бек Стефан Ѓоргиевски од Мулти Есенс, a за најдобар голман беше прогласен Лазе Великиќески од новиот шампион.

Најдобар стрелец на годинешниот Ф4 турнир е Тане Јанчески од редовите на Охрид со 20 погодоци, од кои 11 ги постигна во дуелот за третото место против домаќинот.

Ф4 пионери, сезона 2025/26
ПОЛУФИНАЛЕ
Еурофарм Пелистер – Мулти Есенс 32:34 (16:19)
Стефан Василевски 9/Јован Петрески 10, Стефан Ѓоргиевски 9
Охрид – Пролет 25:34 (8:16)
Тане Јанчески 9, Христијан Софкоски 9/Трајче Костов 5

НАТПРЕВАР ЗА ТРЕТО МЕСТО
Еурофарм Пелистер – Охрид 40:37 (18:16)
Павел Вељановски 15, Јован Симоновски 9/Тане Јанчески 11, Матео Сиљаноски 10

ФИНАЛЕ
Мулти Есенс – Пролет 33:37 (17:13)
Бобан Поповски 10/Трајче Костов 8

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT