Ова е идеалниот тим на кадетскиот Ф4

105

Кадетскиот тим на Пролет ја освои титулата во кадетската лига и стана нов шампион на Македонија. На Ф4 турнирот во Битола, во финалето се сретнаа Мулти Есенс и Пролет, а по голема борба, на златото се радуваа избраниците на Игор Илиевски, кои триумфираа со 37:34 (13:17).

Третото место го освои довчерашниот шампион Еурофарм Пелистер. Домаќините до бронзата стигнаа со победата против Охрид од 40:37. Потенцијалот што го демонстрираа сите четири екипи е доказ дека Македонија има светла ракометна иднина.

По завршувањето на финалето беа доделени признанијата за најуспешните и беше избран идеалниот тим на годинешниот Ф4.

ИДЕАЛЕН ТИМ  – 2025/26
Голман – Лазе Великиќески (Пролет)
Лево крило – Стефан Ѓорѓиевски (Мулти Есенс)
Лев бек – Горазд Дамчевски (Пролет)
Среден бек – Стефан Ѓоргиевски (Мулти Есенс)
Десен бек – Бобан Поповски (Мулти Есенс)
Десно крило – Лука Јовиќ (Пролет)
Пикер – Јован Симоновски (Еурофарм Пелистер)

 

Признанието за најкорисен играч, односно МВП, замина во рацете на кадетскиот репрезентативец, средниот бек Стефан Ѓоргиевски од Мулти Есенс, a за најдобар голман беше прогласен Лазе Великиќески од новиот шампион.

Најдобар стрелец на годинешниот Ф4 турнир е Тане Јанчески од редовите на Охрид со 20 погодоци.

 

Ѓоргиевски е МВП на кадетскиот Ф4, Великиќески најдобар голман, а Јанчески стрелец број еден

SPORT