Пролет перфектен – доминација без загубен бод!

86

Кадетската екипа  на Пролет на завршниот турнир, кој се одржа во Битола, успеа да ја освои титулата во кадетска конкуренција, откако во финалето триумфираше над Мулти Есенс со 37:34, а во полуфиналето сосема очекувано ја оправда фаворитската улога против Охрид (34:25).

Пролет освен што ја заврши сезоната со титула, ја заврши  и со успешен скор, 18 од 18, без загубен бод и со вкупно 708 гола на 18 одиграни натпревари. Одличниот настап на Пролет во Битола имаше посебно значење и за тренерот Игор Илиевски, кој како битолчанец успеа пред своите сограѓани со своите избраници да го подигнат златото.

Трофејот за Пролет е уште еден доказ за нивната голема улога во македонскиот ракомет, особено во создавањето млади играчи и идни репрезентативци, а клубот во моментов има неколку истакнати играчи во младинските национални селекции.

Ѓоргиевски е МВП на кадетскиот Ф4, Великиќески најдобар голман, а Јанчески стрелец број еден

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT