Играчот, кој додека настапуваше за Тиквеш беше миленик на кавадаречката публика, Ани Обина, ќе има нов предизвик во својата кариера.
Репрезентативецот на Нигерија во следните две сезони ќе настапува во Катар и ќе го носи дресот на амбициозниот Ал Ахли.
Обина во Кавадарци играше две сезони (2023/24 и 2024/25) и остави одличен впечаток со своите настапи во Супер лигата.
Со Тиквеш настапуваше и во Европа, поточно во Европскиот Куп, а во својата последна сезона во Македонија беше најдобар стрелец на кавадаречкиот клуб.
Тој секогаш беше задолжен за подигање на атмосферата и стана миленик и на навивачката група „Лозари“. По престојот во Кавадарци, десниот бек замина во францускиот клуб Бијер.