Ако обезбеди пласман понатаму, Македонија ја чека групата на Данска

108

Машката ракометна репрезентација на Македонија вечерва ги дозна ривалите за Светското првенство 2027, кое ќе се одржи во Германија.

Македонија ќе игра во групата Х во Магдебург против репрезентациите на Исланд, Јапонија и Бахреин, а доколку успее да ја мине групната фаза, во главната фаза ќе вкрсти со трите најдобри селекции од групата Г.

Во таа група се наоѓаат Данска, САД, Ангола и добро познатата репрезентација на Словенија. Најдобрите три репрезентации од овие две групи потоа продолжуваат да играат во „ЗАГ Арена“ во Хановер.

Мундијалот во Германија ќе се одржи во периодот од 13 до 31 јануари 2027 година. На претходното Светско првенство, Македонија го освои 15. место.

Македонија ги доби ривалите за Мундијалот во Германија!

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT