По враќањето во елитата, Младост го претстави и првото засилување

203

Повратникот во Супер лигата, Младост, денеска го претстави првото засилување за новата натпреварувачка сезона.

Во клубот од Богданци ќе игра поранешниот кадетски и младински репрезентативец на Македонија, Тодор Узунчев, кој последните две сезони ги мина на позајмица од Алкалоид во Бутел Скопје.

Младиот лев бек потекнува од школата на Партизан Гевгелија и уште од мали нозе стекна сениорско искуство. Трансферот на Тодор Узунчев има и семејна поврзаност со Младост, бидејќи неговиот татко Ристо Узунчев, поранешен македонски репрезентативец, своевремено настапуваше за клубот од Богданци.

Претходно, Младост ја продолжи соработката со тренерот Горан Андоновски, а во наредниот период се очекува клубот да претстави уште неколку засилувања.

Богданчани во штотуку завршената сезона го освоија второто место во Првата лига, со што изборија настап во баражот за пласман во Супер лигата.

Во дуелот против Струга беа поуспешни од ривалот и обезбедија враќање во македонската ракометна елита по неколку сезони минати во прволигашката конкуренција.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT