Тиквеш со големи шанси за нов настап во Европа

25

РК Тиквеш во следната сезона, покрај настапите на домашна сцена, најверојатно повторно ќе игра и во Европа.

Кавадарчани аплицираа за вајлд-карта за настап во третото по ранг европско клупско натпреварување – Европскиот Куп.

Во штотуку завршената сезона, тимот од Кавадарци заврши на 6. позиција, а со пласманот во плеј-оф сегментот беше и исполнета целта на клубот.

Неколку тимови од другите држави кои имаат право на настап во Европа, исто како и минатата сезона, нема да се пријават, па поради тоа се очекува Тиквеш да добие место во европското натпреварување.

Ракометарите на Тиквеш веќе три сезони по ред играат во Европа, а за сезона 2024/25 добија зелено светло од ЕХФ, односно вајлд-карта.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT