Кадетите на Куманово продолжуваат победнички во својата конкуренција, во 3. коло од кадетската лига славеа на гостувањето против Алкалоид со 20 гола разлика, 37:17. Сега младите надежи на Куманово имаат „три од три“ во својата група. Куманово во првите две кола, против Текстилец и Младост, исто така, одигра фуриозно (34:17, 40:18).
Избраниците на Аце Станковски за ривали во групата А ги имаат уште екипите на Еурофарм Пелистер, Бисинов, Вардар Неготино, Овче Поле, Македонија ЃП и Вардар. Резултатите постигнати на првите три натпревари покажуваат дека Куманово е решен оваа сезона да игра на Ф4 турнирот.