🎥Матеј Крстески херој на Охрид против Илинден (ВИДЕО)

2

Денес стартуваше новата сезона во младинската ракометна лига во машка конкуренција, во која учествуваат осум екипи. Најнеизвесно, од досега трите одиграни натпревари, беше во Илинден, каде што Охрид си замина победнички.

Тимот предводен од Александра Џамтоска и Горан Трпчевски триумфираше со 27:26 (14:13), а домаќините имаа шанса да освојат бод откако добија пенал по истекот на времето.

Голманот на Охрид, Матеј Крстески, успеа да го одбрани седмерецот на домаќинот, за големо славје на гостинската клупа.

Што се однесува до натпреварот, тимот на Охрид од стартот беше во водство, но ниту еднаш не успеа да се одлепи на поголема разлика, па домаќините често израмнуваа и се враќаа во игра, а во два наврати во вториот дел имаа и предност (19:18, 21:20).

Во нападот на Охрид се истакна Илија Трајчевски со десет погодоци, додека кај Илинден најефикасен беше Милан Стојевски со девет реализации.

Младинска лига, сезона 2026/27 – 1. коло
Резултати:
Илинден – Охрид 26:27 (13:14)
Милан Стојевски 9/Илија Трајчевски 10
Мулти Есенс – Еурофарм Пелистер
Бутел – Еурофарм Пелистер 2 
20.09, 14:30 часот – Алкалоид – Вардар

Младинците оваа сезона ќе имаат јасен распоред до самиот крај. Осумте екипи ќе играат по двокружен бод систем. Вкупно ќе има 28 кола, а по последното коло ќе биде познат и шампионот. Тоа е промена во однос на минатата сезона, кога по регуларниот дел следуваше плеј-оф и плеј-аут.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе