Митоска и Раткушиноска ја водеа Стружанка до победа против Астибо

36

Екипата на Стружанка на свој терен успеа да го совлада Астибо од Штип со 26:20, во натпревар од 2. коло од Првата ракометна лига. За Стружанка, по службениот пораз од Овче Поле Славјански Универзитет на стартот, ова беа првите бодови во новата натпреварувачка сезона.

Домаќинките одлично стартуваа, по дваесетина минути игра имаа предност од 11:2, а на полувреме заминаа со плус пет, 13:8. Гостинките беа многу блиску до целосен камбек во вториот дел, намалија на 18:17, но Стружанка не дозволи да направи од готово-вересија, дојде до консолидирање во домашните редови и Астибо го загуби чекорот, односно замислата да се врати во игра.

Одлична на голот кај Стружанка беше Марина Митоска, која натпреварот го заврши со 16 интервенции, а Сара Илиоска им одбрани и пенал на гостинките.

Во нападот кај домаќинот се истакна Маја Раткушиноска со 11 погодоци, додека кај гостите прв стрелец беше Ана Марија Накова со осум реализации.

Прва лига, 2. коло, резултати:
Овче Поле Славјански Универзитет – Шампион 36:13 (14:6)
Анастасија Сентовска 12/Бојана Божиновска 5
Струга – Гевгелија Југ 26:25 (16:12)
Елена Ѓонеска 8, Матеа Димитроска 6/Нина Милевска 7, Нина Попова 7
Стружанка – Астибо 26:20 (13:8)
Маја Раткушиноска 11/Ана Марија Накова 8 

 

 

Сентовска сама го победи Шампион – Овче Поле СУ доминантно пред својата публика

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе