Македонија во новата натпреварувачка сезона ќе има еден претставник во Лигата на Европа, а тоа ќе биде вицепрвакот Еурофарм Пелистер. Освојувачот на ЕХФ Европскиот Куп – Охрид, и покрај тоа што склопи одличен тим, сепак, не доби вајлд-карта за настап во второто по ранг европско клупско натпреварување.
Еурофарм Пелистер пред ждрепката се најде во првиот шешир заедно со Нексе, Фленсбург, Татабања, Савехоф, Извиѓач, Бидасоа и Бенфика.
Ќе бидат формирани осум групи со по четири екипи, а пласман во елиминациската фаза ќе обезбедат првопласираните и второпласираните екипи од секоја група. Групната фаза ќе започне на 29/30 септември.
Во вториот шешир се сместени екипите на Валур, Кадетен, Елверум, Лимож, Карвина, Татран Прешов, Гумерзбах и Гранољерс, додека Сесвете, Бузау, Сен Рафаел, Слован Љубљана, Хафнарфјордур, Шамбери и шпанските екипи – Толеравега и Ла Риоха се дел од третиот шешир.
Четвртиот шешир го пополнуваат ЧСМ Букурешт, Мадеира, Бергишер, Холстебро, Хамарби, Гњанск, Морс и Агуаш Сантас.
Ждрепката е закажана на 17 јули.