По заминувањето на Андреј Стојановски, Марко Ѓорѓески, Томислав Димковски…тимот на Пролет најверојатно ќе остане без уште еден важен играч.
Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Марко Трајковски, во претстојната сезона најверојатно ќе има нов предизвик во својата кариера.
За Трајковски интерес покажале неколку суперлигашки клубови, па во следниот период би требало да биде познато каде ќе ја продолжи кариерата.
Според информациите на Спортска Димензија, преговорите се во тек и наскоро се очекува конечна одлука околу неговата иднина.
Трајковски играше за повеќе клубови во Македонија – Голден Арт, Прилеп, Тиквеш, Бутел…