Машката младинска репрезентација на Македонија веќе пристигна во романскиот град Клуж, каде што пред неколку часа го одработи и првиот тренинг под водство на селекторот Игор Илиевски.
Македонија првиот натпревар ќе го одигра утре (8 јули) со почеток во 13:30 часот, а прв ривал ќе биде Норвешка.
Во групната фаза избраниците на Илиевски ќе се соочат и со селекциите на Данска и Хрватска. Пласман во главната фаза ќе обезбедат само двете најдобропласирани репрезентации од секоја група.
Распоред на натпревари:
08.07, 13:30 часот: Норвешка – Македонија
09.07, 13:30 часот: Хрватска – Македонија
11.07, 13:30 часот: Македонија – Данска