Астибо обезбеди пласман во ТОП 6 во Женската лига

304

Екипата на Астибо со победата над Ѓорче Петров 2 од 31:27 (16:14) обезбеди пласман во плеј-оф натпреварувањето во единственото женско сениорско натпреварување. За Астибо денешниот натпревар беше да се биде или не. Избраничките на Дејан Величков можеа и со реми да обезбедат плеј-оф, но во финишот не дозволија да има неизвесност.

Астибо во победата беше предводен од искусната Марија Анчева, која зад своето име запиша 22 погодоци. Кај Ѓорче Петров 2 најефикасна беше Антонела Ѓероска со осум реализации.

Табела, група А : Чаир 14, Астибо 10, Скопје 9, Ѓорче Петров 3, Стружанка 0

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе