Македонските кадети утре заминуваат на Европското првенство

2

На 29 јули во Белград стартува Европското кадетско првенство, а меѓу учесниците ќе биде и репрезентацијата на Македонија, предводена од селекторот Горан Кузманоски.

Нашите надежи ќе имаат тешка задача, бидејќи се во група со Франција, Шведска и Словенија, а само најдобрите две репрезентации ќе обезбедат пласман во главната фаза.

Распоред на натпревари, групна фаза:
29.07, 12:00 часот: Словенија – Македонија
30.07, 12:00 часот: Франција – Македонија
01.08, 12:00 часот: Македонија – Шведска

Македонија имаше одлични подготовки – првиот дел го одработи во Австрија, додека вториот во Скопје, каде што одигра два пријателски натпревари против Грција и на двата успеа да триумфира.

Актуелен европски кадетски шампион е репрезентацијата на Шведска, која пред две години ја освои титулата на првенството во Црна Гора.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT