Новиот ракометен клуб од Прилеп се пријави во системот на РФМ!

95

Новиот женски ракометен клуб од Прилеп, ЖРК Маркови Кули, полека ги привршува подготовките за својата дебитантска сезона.

Клубот во својата прва година одлучи да се пријави за настап во младинските категории, а како што дознава Спортска Димензија, прилепскиот клуб во дебитантската сезона ќе има екипа во кадетската лига.

На овој начин, младите ракометарки ќе добијат можност да стекнуваат драгоцено искуство и да се натпреваруваат со своите врснички од целата држава.

Од клубот велат дека посебен акцент ќе биде ставен на развојот на младите ракометарки, создавањето позитивна спортска средина и градењето тимски дух, пријателства и љубов кон ракометот.

ЖРК Маркови Кули и понатаму е отворен за нови членови. Сите заинтересирани девојчиња кои сакаат да тренираат ракомет можат да се пријават на телефонскиот број 078 242 671 (тренер Пеце Трајкоски).

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT