Во новата натпреварувачка сезона во кадетската машка ракометна лига ќе се натпреваруваат 16 екипи, кои ќе бидат поделени во две групи.
Во кадетска конкуренција ќе настапуваат Еурофарм Пелистер, Алкалоид, Вардар, Еурофарм Пелистер 2, Мулти Есенс, Пролет, Младост Богданци, Текстилец, Гемиџии, Македонија Ѓорче Петров, Преспа, Струга, Тиквеш, Куманово, Прилеп и Радовиш.
Актуелен бранител на титулата кај кадетите е Пролет, кој во однос на минатата сезона ќе има променет состав во кадетската лига. Најголемиот дел од ракометарите кои беа дел од кадетскиот тим на Пролет, а некои од нив добиваа шанса и на сениорско ниво, го напуштија клубот и продолжија во другите скопски клубови.
Група А: Преспа, Прилеп, Алкалоид, Струга, Еурофарм Пелистер, Тиквеш, Пролет и Еурофарм Пелистер 2
Група Б: Младост, Текстилец, Македонија Ѓорче Петров, Гемиџии, Куманово, Радовиш, Мулти Есенс и Вардар
Според распоредот објавен на РФМ, сезоната кај кадетите стартува на 19/20 септември. Од суперлигашите, кадетски тим нема да има Бутел, а во однос на минатата сезона, кадетски тим нема да има уште еден од суперлигашите – Охрид. Кадетски екипи не пријавија ниту Илинден Вардар и Овче Поле. Дебитант кај кадетите ќе биде Гемиџии (Велес), кој минатата сезона, како нов клуб, дебитираше во пионерската лига. Свои екипи во кадетското натпреварување пријавија и Куманово и Тиквеш, кои не беа дел од ова натпреварување во сезоната зад нас.