Ѓуроски и Ефремоски не можеа сами – ТФТ останува на максимум

201

ТФТ успеа да го задржи максималниот ефект во домашниот шампионат, откако славеше во соседското дерби против Работнички со 85:77, по четвртини (17:17, 21:22, 22:27, 17:19).

Дерби натпреварот во СРЦ „Кале“ ги исполни очекувањата, тимот на Работнички одигра храбро, но немаше доволно сила за да дојде до петти сезонски триумф.

Избраниците на Боро Смилковски клучниот чекор, вреден победа , го направија во последната четвртина, во која постојано водеа, но немаа голема комоција во играта. Најтрофејниот македонски клуб на овој натпревар ги имаше расположените Стојан Ѓуроски со 25 поени и Виктор Ефремоски со пет помалку – 20. Прво име во победничкиот табор беше Брајан Гринли со 24 поени, 19 додаде Дарин Говенс, 11 запиша Страхил Николов.

Тимот од Тафталиџе во следното коло го очекува уште еден дерби дуел, против Шкупи. Работнички ќе гостува во Кавадарци кај Тиквеш.

Прва лига, 6. коло, резултати:
Работнички – ТФТ 77:85
МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар  96:90
Чаир – Вардар  104:80
Кожув – МКК Куманово  82:74
Шкупи – Тиквеш Голден Игл  85:82
Пелистер – Феникс 2010 110:93

ТАБЕЛА: ТФТ 12, Чаир 2030 11, Пелистер 11, МЗТ Скопје Аеродром 10, , Работнички 10, Кожув 9, Гостивар 8, Тиквеш Голден Игл 8, МКК Куманово 8, Шкупи 8, Феникс 2010 7, Вардар 6;  

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе