В недела женско дерби – актуелниот шампион на гости во Крива Паланка

208

По двенеделната пауза, поради настапот на сениорската репрезентација, овој викенд продолжуваат натпреварите во Првата лига во женска конкуренција. Во рамки од 5. коло ќе се одигра дерби дуелот меѓу, засега непоразените, Крива Паланка и актуелниот шампион, освојувач на тројната круна – Баскет кам.

Екипата од Македонска Каменица за дербито ќе биде посилна, бидејќи првиот настап ќе го има Амал Хафдалауи, 27 годипна кошаркарка од Тунис, која ги покрива крилните позиции. Од таборот на Крива Паланка очекуваат полни трибини и голема поддршка, со цел да се дојде до нов сезонски триумф.

Натпреварот меѓу Крива Паланка и Баскет кам ќе се одигра в недела (17 ноември), со почеток од 17:00 часот во спортската сала “Бранители 2001”, а влезот за сите љубители е слободен.

Во петтото коло е градската пресметка меѓу Вардар и МЗТ Скопје, екипи кои во досегашниот тек од сезоната остварија по една победа, онаа против Пробаскет од Кавадарци, вардарки триумфираа во првото, додека тимот од Аеродром во претходното, 4. коло.

Прва лига – жени, 5. коло, распоред:
16/11, 15:45, Пробаскет – Бадел
16/11, 17:00, Вардар – МЗТ Скопје 
17/11, 17:00,  Крива Паланка – Баскет кам
Патриот слоб

ТАБЕЛА: Баскет кам 8, Крива Паланка 6, Бадел 5, Патриот 5, МЗТ Скопје Аеродром 4, Вардар 4, Пробаскет 4

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе