Прво славје за Астибо: Накова стрелаше 11 пати, Манева даде девет гола!

109

Довчерашниот ракометен суперлигаш кај дамите, тимот на Астибо, пред својата публика се израдува на првата сезонска победа.

Во натпревар од 4. коло во Првата лига, Астибо целосно ја надигра Јехона од Гостивар, славејќи со убедливи 33:15 (15:8).

Една од најталентираните ракометарки, левиот бек Анамарија Накова, беше најефикасна на натпреварот со 11 погодоци. Поддршка имаше од Ева Манева, која постигна девет гола, како и од Мелани Неделкова со шест реализации.

Во редовите на Јехона, Алтина Хасани беше најефикасна со седум погодоци, но нејзиниот учинок не беше доволен за гостинскиот тим да избегне убедлив пораз.

Прва женска лига, 4. коло, резултати:
Овче Поле СУ – Струга 33:19 (14:11)
Анастасија Сентовска 12/Леа Пејоска7
Стружанка – Гевгелија Југ 21:28 (8:11)
Маја Раткушиноска 10/Јасмина Попова 8, Нина Попова 7, Нина Милевска 5
Астибо – Јехона 33:15 (15:8)
Ана Марија Накова 11, Ева Манева 9/Алтина Хасани 7
Шампион – слоб.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе