Српскиот интернационалец Марко Срдановиќ со пенал во последната секунда му донесе бод на Вардар на гостувањето на Исланд кај Валур, 34:34, во натпревар од 5. коло од Лигата на Европа. На македонскиот вицепрвак му требаше победа за да остане во игра за пласман во главната фаза, но со освоениот бод веќе се елиминирани.
Вардарци во вторник против Мелсунген ќе го одиграат последниот натпревар, па „црвено-црните“ ќе имаат убава можност со победа да ја завршат сезоната на европска сцена.
Најефикасни кај Вардар беа Гоце Георгиевски, Марко Сдрановиќ и Ашраф Маргели, сите тројца постигнаа по пет гола, по четири имаа Дмитри Горгиа и Стефан Петриќ.