Еурофарм Пелистер со нов бод во европската елита – ремизираше против Фредериција

60

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер ремизираше против Фредериција, 29:29, во натпревар од 8. коло од Лигата на шампионите. Битолчани имаа напад за два бода, но гостите се одбранија во финишот од средбата. На првото соочување меѓу двете екипи, победи Еурофарм Пелистер со 25:23.

Иако Фредериција до 45 минута константно беше во предност, избраниците на Алонсо, кој го имаше деби настапот на клупата на Еурофарм Пелистер, се вратија во игра во последниот период.

Во последните десет минути се влезе со нерешен резултат, 25:25, се играше гол за гол, пелистерци наместо на два разлика, дозволија ривалот да израмни, 27:27, а на три минути пред финишот Фредериција со два гола во низа го презеде водството, поведе со 29:28.

Еурофарм Пелистер израмни на 29:29, гостите не реализираа напад, но ниту домашниот тим не успеа да дојде до гол во последните секунди, па нерешениот резултат е најреален исход од денешната средба.

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе