Првостепената дисциплинска комисија на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) му изрече суспензија на тренерот на суперлигашот Бутел Скопје, Стојанче Стоилов.
Стоилов доби црвен картон во 42. минута од натпреварот против Куманово, откако негодуваше по една судиска одлука, по што судиите Исмаил Металари и Ненад Николовски го испратија на трибините.
По разгледувањето на документацијата, дисциплинската комисија на РФМ донесе одлука за суспензија од еден првенствен или Куп натпревар, согласно член 112 од Дисциплинскиот правилник на РФМ.
Ова значи дека Бутел на дуелот против Младост Богданци ќе биде предводен од помошникот на Стоилов, Стефан Стојановски.
Бутел во рамките на 12. коло ќе гостува во Богданци (29 ноември), а евентуален триумф на скопскиот тим ќе значи приближување кон екипите кои се борат за место во плеј-офот.
