Битола ќе „гори“ в сабота – пелистерци го пречекуваат вечниот ривал

403

Овој викенд ќе се одиграат натпреварите од 15. коло од Супер лигата, а во Битола второто сезонско соочување ќе го имаат двата најголеми ривали, актуелниот шампион Еурофарм Пелистер и вицепрвакот Вардар, кој во досегашниот тек од сезоната има 13 победи, а битолскиот тим 12.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар е закажан за в сабота (14 декември), со почеток од 18:00 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ која сигурно ќе биде претесна да ги собере сите љубители на ракометот.

Вардар на првото сезонска пресметка со пелистерци успеа да триумфира со три гола разлика, 27:24. Тогаш Вардар беше предводен од Владо Недановски, додека на клупата на пелистерци беше Бранко Ангеловски.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе