По 11 одиграни кола во Втората лига: Ангели не го даваат врвот

190

По комплетирањето на 11. коло кое беше последно за 2024-та, поранешниот прволигаш Ангели заминува на пауза како првопласиран тим. Кошаркарите на Ангели на 11 одиграни натпревари остварија девет победи, ист ефект има и Соколи од Штип, но скопскиот тим поради подобрата кош-разлика се наоѓа на првата позиција.

Од 3 до 5 место се позиционирани Маџари, Борес баскет и Црн Дрим, овие три екипи заостануваат само на бод зад водечката двојка и сосема е јасно дека до крајот од основниот дел ќе има голема борба.

Охрид, Мега баскет, Бутел и МЗТ Скопје имаат ефект (5-6), но овие четири екипи имаат свои математики како да дојдат до прогрес, па така нѐ очекува интересен втор дел бидејќи по оној регуларен претстои плеј-оф/аут.

Паузата во второлигашката конкуренција е до 25 јануари и сосема е извесно дека некои екипи ќе направат промени во играчкиот ростер.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе