Вардар во Гостивар по прва сезонска победа

217

Денеска со натпреварот меѓу Гостивар и Вардар ќе биде комплетирано 12. коло, односно последното коло за оваа година во првата кошаркарска лига. Гостивар во претходното коло беше подобар од Шкупи, триумфираше со 79:65 и на денешниот натпревар против  „фенерџијата“ ќе атакува на петти триумф во новата натпреварувачка сезона.

За вардарци денешното гостување во Гостивар ќе биде уште еден обид да дојдат до прва победа. Вардар на неколку натпревари покажа дека може да им парира на посилните клубови, но Гостивар е тој кој влегува како фаворит, барем на хартија.

Натпреварот меѓу Гостивар и Вардар ќе се одигра во спортската сала „Младост“ со почеток од 18:00 часот, а може да го гледате ТУКА.

На останатите натпревари од 12. коло убедливи победи остварија екипите на Куманово, МЗТ Скопје и Кожув, а изненадување направи Феникс, кој пред својата публика славеше над Работнички.

Прва лига, 12. коло, резултати:
Пелистер – Тиквеш 95:88
Феникс – Работнички 73:71
Куманово – ТФТ 78:59
МЗТ – Шкупи 90:54
Кожуф – Чаир 86:63
Гостивар – Вардар – 26.12.

Табела: МЗТ 21, Пелистер 21, ТФТ 21, Кожуф 20, Куманово 20, Работнички 19, Чаир 19, Феникс 16, Гостивар 15 (-1),  Тиквеш 15,  Шкупи 15, Вардар 11 (-1).

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе