Машката репрезентација на Македонија во првото коло од групната фаза на СП одигра нерешено против силната Унгарија, 27:27.
Избраниците на Кире Лазаров одиграа одлично во првото полувреме, иако имаа лош старт, сепак, речиси до крајот на првиот дел беа подобри од Унгарците, а по 30 минути игра беше нерешено, 14:14.
Во вториот дел продолжи големата драма и само нијанси одлучуваа каков ќе биде исходот. Иако Македонија на триесетина секунди пред крајот, при водство од 27:26, имаше напад за да стави точка и да освои два големи бода, сепак, Унгарците беа претпазливи, не дозволија реализација и успеаја да израмнат на 27:27.
Шутерски расположен во таборот на Македонија беше Филип Кузмановски, кој зад своето име запиша десет погодоци, по три имаа Мартин Велковси и Марко Митев.