Tимот на Куманово триумфираше против Пелистер со 86:72 во натпревар од 14. коло од Првата лига, натпревар кој што требаше да се одигра вчера, но поради технички проблеми во спортската сала „Перо Наков“, беше презакажан за денеска.
Куманово со денешниот триумф им се одмазди на битолчани за поразот во октомври. За Пелистер ова е втор пораз во новата година, по оној од МЗТ Скопје.
Предводник во победничката екипа беше Александар Радукиќ со 31 поен, додека во битолскиот тим расположени беаНикола Мишковиќ со 22 поени и Андрија Бојиќ со 21.