Штипјани го презедоа лидерското место во вторлигашката конкуренција

379

Екипата на Соколи од Штип со победата против Борец од 93:84 го презеде лидерското место на табелата во Втората лига. Штипјани сега на свое конто имаат 26 бодови, додека на втората и третата позиција се наоѓаат две скопски екипи – Маџари и Ангели, двете екипи имаат по 25 бодови.

Токму Маџари и Ангели се сретнаа во 14. коло, а на победа се радуваа кошаркарите на Маџари, триумфираа со 95:84. Голем напредок, во однос на првиот дел од сезоната, има кај младиот тим на Водно Санс, кој дојде до трета победа во низа.

Избраниците на Горан Андреевски пред својата публика беа подобри од Бутел со 88:75 и со новата победа значително ги зголемија своите шанси за пласман меѓу најдобрите шест екипи.

Втора лига, 14. коло, резултати

ТАБЕЛА

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе