Кожув ќе го предизвика МЗТ во финалето за Куп-трофејот!

29

Екипите на МЗТ Скопје и Кожув ќе играат во машкото финалето во Купот на Македонија по победите над Пелистер, односно Гостивар во полуфиналето. Бранителот на Куп трофејот, тимот од Аеродром, полесно од очекуваното се справи со битолчани триумфирајќи со 103:88.

Аеродромци доминацијата ја најавија уште во првите десет минути и како одминуваше времето, така Пелистер креваше раце од дуелот.

Кожув предводен од Андрија Стевановиќ го совлада Гостивар, кој во четвртфиналето направи изненадување со елиминацијата на ТФТ. Гевгеличани триумфираа со 91-72 (23-20, 27-6, 24-27, 17-19) и по вторпат ќе играат Куп финале во својата историја.

Финалето е закажано за утре од 19:30 часот.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе